Фото: РФМ

Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП, се надевам дека ќе можеме да поправиме сè дотогаш

Најдобрите македонски ракометарки предводени од селекторот Кристијан Грчевски во Велење бркаа поволен резултат како победа или реми за да го имаат сигурно местото меѓу четирите најдобрите третопласирани репрезентации во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Но, словенечката селекција која веќе во минатото коло се квалификуваше за континенталниот собир, уште еднаш ја оправда фаворитската улога и славеше на домашен терен со 27:18.

Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства.

Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови.

– Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, најважно е што одиме на Европското првенство и многу сме среќни поради тоа. Се надевам дека ќе можеме да поправиме сè пред тоа. Навистина сум среќна и горда на мојот тим – се зборовите на Гакидова на официјалниот сајт на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот