Гајле ми е за моралот на нацијата, животи се во прашање

твитер

Во Премиер лигата се повеќе загрижени фудбалери кога станува збор за враќањето на теренот, а меѓу нив е и англискиот репрезентативец.

Англиската влада му даде зелено светло на фудбалот како и останатите колективни спортови полека да започнат со подготовки за враќање на терените.

Премиерлигашките екипи сè уште преговараат, но никако да донесат конечна одлука. Во последно време се погласни стануваат самите фудбалери ои се исплашени од помислата на враќањето на терените.

Англиската влада инсистира да се врати спортот за да се подигне моралот на луѓето во време на пандемијата на коронавирусот и економската криза, но Дени Роуз смета дека има поважни работи од моралот на луѓето.

– Владата зборува дека фудбалот треба да се врати за да се крене моралот кај луѓето. Гајли ми е за моралот на нацијата, човечки животи се во опасност. Не би требало да се зборува за фудбал се додека бројките не се променат. Сево ова е с**ње – изјави Роуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот