Гацов: На кого му следува платежна картичка и со колку пари, граѓаните ќе може да проверат на интернет со внесување на матичен број (ВИДЕО)

Имаме европска уредба. Никој никаде не оди. На сајтот „купувам домашно“ со матичниот број го пребарувате вашето право за исносот кој може да го добиете, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Павле Гацов, советник на министерката за финансии Нина Ангеловска, говорејќи за домашната платежна картичка и финансиската помош од државата до граѓаните.

НА КОГО МУ СЛЕДУВА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И СО КОЛКУ ПАРИ, ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРОВЕРАТ СО ВНЕСУВАЊЕ НА МАТИЧНИОТ БРОЈ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА WWW.KUPUVAMDOMASNO.GOV.MK СО БЕЗБЕДНОСЕН (HTTPS) ПРОТОКОЛ

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, гласи уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници која беше објавена службено околу полноќ.

Деловните банки откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрли парите на граѓаните на нивните сметки, а доколку до 31 јули не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет.

Прочитајте и...  Најнеизвесните избори досега: Хрватска денеска ќе гласа за новиот парламентарен состав

Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години ќе добијат износ од 3.000 денари. Здравствените работници-кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 проценти од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.

Од „Македонски производи“ кои ќе може да се купуваат ќе бидат забранети само алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун. Генералниот секретаријат на Владата во наредните пет дена, односно веќе следната недела на деловните банки со кои ќе биде постигнат договор ќе им биде доставена конечната листа на корисниците за на истите да им бидат изработени платежните картички, вели Гацов.

Прочитајте и...  Заев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“ објавени последниве денови

Корисниците внесувајќи го својот матичен број ќе може да проверат во која банка издавач ќе му биде издадена платежната картичка и износот на финансиската поддршка

Истовремено, конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка ќе биде објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Секој корисник ќе треба да потпише согласност кај деловната банка, а тоа самостојно ќе можат да го направат и малолетниците кои имаат лична карта или пасош. Корисниците внесувајќи го својот матичен број на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол ќе може да проверат во која банка издавач ќе му биде издадена платежната картичка и висината на финансиската поддршка.

Банката издадената платежна картичка ја доставува на адресата на живеење на лицето корисник на финансиска поддршка од листата преку пошта. За лицата кои имаат блокирани сметки, банката ќе отвори посебна сметка.

Прочитајте и...  Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници. И во оn-line продажбата ќе мора посебно да се издвојат и истакнат македонските производи и услуги. Во спротивно ќе седува глоба во износ од 100 до 500 за микро трговец, од 300 до 1.000 евра за мал трговец, од 1.000 до 3.000 евра за среден и гоем трговец. Казни од 100 до 500 евра ќе има и за одговорните лица.

Со картичките ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, во трговијата на мало, во аптеките, туристичките агенции, на тезгите и пазарите, фризерските салони и слично, изјави Гацов.

 

Прочитај повеќе

Шекеринска: Владата стои на располагање за Битола

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Германскиот министер Рот со видео порака му даде поддршка на Никола Димитров

Слободен печат

Уапсени соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков, следеле судии

Слободен печат

Силно невреме во Неготино, дел од улиците поплавени

Слободен печат

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Борисов: Нема да затвораме ништо, кој сака нека се прибере дома и нека седи заклучен, не е забрането

Слободен печат

Лукаревска: Навремениот и неселективен поврат на ДДВ кон компаниите исклучително важен за развојна економија

Слободен печат

Во Египет на 11 и 12 август избори за нов парламентарен дом

Слободен печат

Во Србија во изминатите 24 часа регистрирани 302 нови случаи на ковид-19

Слободен печат

Препораки на здравствените власти за летните одмори – И пливањето мора да биде на дистанца!

Слободен печат

ЕВРОПСКА ДРЖАВА НА РАБОТ НА БАНКРОТ: Поради кризата може да ја изгуби и самостојноста

Слободен печат