Габриела Илиевска од независната листа Поинаку ќе претседава со Советот на Општина Битола

Габриела Илиевска / фото: Фејсбук

Попладнево, советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која на изборите беше носителка на независната советничка листа Поинаку , е избрана за претседател на Советот, јавува локалната телевизија Тера.

Во нејзиното обраќање, Илиевска, која беше дел и од претходниот состав на Советот, рече дека за првпат Битола добива претседател на Совет кој е од граѓанска листа и порача да има „помалку зборување, а повеќе работа на терен“.

Таа беше избрана со 18 гласови „ЗА“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот