Футсалците ја продолжуваат „мисијата“ СП 2020

ffm.mk

Нашите најдобри футсалци во периодот од 24-27 октомври ќе ги одигра натпреварите од главната рунда во квалификациите за пласман Светското првенство 2020. година. На турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, нашата репрезентација е во група со Словенија, Косово и Украина.

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Иван Божовиќ за трите натпревари од групата ќе смета на следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи); Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи); Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи);

Првиот натпревар од турнирот кој го организираме во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонската репрезентација ќе го одигра против Словенија на 24. октомври (20:00 часот). Во второто коло на 25. октомври (17:30 часот) играме против Косово, додека против првиот фаворит во групата, селекцијата на Украина натпреварот ќе го одиграме на 27. октомври (20:00 часот).

Првопласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат настап во завршната трета елитна рунда како последна пречка на патот кон Мундијалот.

Претходно во првата прелиминарна рунда од квалификациите, футсалците во СЦ „Јане Сандански“ во јануари годинава го освоија првото место во групата „Ц“ со три победи над Грција (5:3), Сан Марино (7:0) и Албанија (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот