Фудбалските надежи ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Репрезентгацијата до 17 години ќе игра против врсниците од Франција, Исланд и Луксембург/фото: ФФМ

Фудбалските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години, денеска ги дознаа противниците во квалификациите за пласман на Европските првенства.

Репрезентацијата до 17 години во квалификациите за ЕП 2023 година се најдоа во група со Франција, Исланд и со Луксембург.

Натпреврите ќе се играат во октомври идната година, во кои домаќин ќе биде токму нашата држава. Првите две селекции ќе обезбедат пласман во елитните квалификации на пролет 2023 година, како и најдобрите четири третопласирани селекции. Во елитната рунда ќе се формираат осум групи со по четири екипи и осумте победници во групите, како и најдобрите седум второпласирани селекции ќе обезбедат учество на ЕП. Европското првенство ќе се одигра во мај 2023 година во Унгарија.

Репрезентацијата до 19 години се најде во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациите ќе се играат по истиот принцип како и кај У17, а Европското првенство исто така ќе се одржи во 2023 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот