Фудбалски судија натепан на натпревар во Горно Оризари

Фото: Pixabay

Триесет и петгодишен фудбалски судија пријавил во полиција дека бил физички нападнат во Горно Оризари каде делел правда на фудбалски натпревар.

Како што информираат од МВР, триесет и петгодишниот Д.Л од Битола вчера попладне пријавил во СВР Битола дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот