Фото: ФФМ

Фудбалерките на Скопје 2014 ја освоија шампионската титула во Првата лига

По триумфот од 8:0 во дуелот против Топ Гол, фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 на три кола пред крајот ја освоија титулата во Првата фудбалска лига.

По оваа победа, ЖФК Скопје 2014 има 15 бода предност во однос на најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера со што математички ја потврдија првата позиција.

Серијата погодоци на стадионот во Пржино ја отвори Блехана Алиеска уште во осмата минута. Во 13. минута Бесарта Фида зголеми на 2:0, а во 26 минута Емили Митковска го постигна третиот погодок за новиот шампион на Македонија.

Во 38. минута Кристина Крстева му носи предност на ЖФК Скопје 2014 од 4:0, а на две минути пред крајот на првото полувреме домаќинот и по петти пат ја затресе мрежата на Топ Гол, а овој пат прецизна беше Тамара Атанасовска.

Во финишот од натпреварот ЖФК Скопје 2014 постигна уште три гола. Во 77. минута Алиеска по втор пат се запиша меѓу стрелците додека во завршните 10 минути прецизни беа уште Емилија Ивковиќ и Ања Головска.

Во останатите натпревари од оваа 23. рунда во шампионатот, Тиверија Брера ја совлада Каменица Саса со 3:0, ЖФК Истатов и Љуботен играа вез голови, Вардар славеше над Кочани со 4:1, а по еден погодок на две страни беше постигнат на дуелот Ас Јунајтед – Речица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот