Фото: EPA/Alberto Estevez

Фудбалерите на Барса повторно на Камп Ноу после 894 дена

Фудбалерите на Барселона се вратија во својот дом, „Спотифај Камп Ноу“, кој долго време беше во процес на реновирање. Денеска напладне, по точно 894 дена, тимот на Ханси Флик одржа отворен тренинг на стадионот пред охрабрувачките извици на 21.795 навивачи кои купија билети за настанот.

Се очекува шпанскиот шампион наскоро да може да ги игра и своите официјални натпревари таму. Ова треба да стане реалност на 22 ноември против Атлетик Билбао или една недела подоцна (29 ноември) против Алавес, што се совпаѓа со 126-годишнината од постоењето на клубот.

Како што е познато, Барса првично ќе игра пред ограничен капацитет, бидејќи работите продолжуваат на некои делови од стадионот и овие делови ќе бидат затворени. Се чека дозвола што ќе му овозможи на реновираниот Камп Ноу, кој има капацитет за над 100.000 гледачи, да смести 45.000 луѓе на трибините.

Тимот веќе има право да игра таму пред 27.000 навивачи, но клубот процени дека тоа не е исплатливо, поради што ќе чека дозвола за 45.000 луѓе.

Беше мај 2023 година кога Каталонците последен пат играа на својот стадион, победувајќи ја Мајорка со 3:0. Оттогаш, тие играа на Монжуик, а одиграа и два натпревари во својата база.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот