Фудбалери и навивачи до смрт претепале судија поради жолт картон

Принтскрин/твитер

Фудбалскиот судија Хозе Арнолдо Амаја е претепан до смрт од страна на фудбалери и навивачи за време на натпревар во Ел Салвадор, главниот град на Сан Салвадор.

Амаја е претепан до смрт поради тоа што му покажал жолт картон на еден фудбалер кој веднаш му се нафрлил на судијата и почнал да го удира по што во тепањето се приклучиле и останатите фудбалери, но и навивачи.


Лекарите не можеле да му помогнат туку само констатирале смрт на 63-годишниот Амаја.

– Веста за тоа што му се случило на татко ми ја примив телефонски. Не го следев натпреварот, но дознав дека бил нападнат. Татко ми бил удиран се додека не паднал на тревата, а потоа бил брутално претепан. Полицијата не ми кажа кој фудбалер почнал да го удира, поради безбедноста на нашето семејство – изјави Хаиро Амаја, син на судијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот