Фудбалер во врска со судијка, се запознаа на мечот кога тој доби црвен картон

Една од најелитните холандски фудбалски судијки, Шона Шукрула/Фото: instagram.com/shonashukrula/

Холандскиот одбранбен играч Џеф Хардевелд (26) објави фотографии со Шона Шукрула, фудбалска судијка со кој се запознаа на натпреварот кога беше исклучен.

Доказ дека животот ги пишува и најнеобичните приказни ни доаѓа од Холандија, оваа започна на 13 август на дуелот меѓу Емен и Ајндховен во втората лига на холандскиот фудбал кога црвен картон заработи дефанзивецот на домашниот тим, Хардевелд.

Токму на тој меч се сретна со својот сегашна избраничка Шона која на тој натпревар ја имаше улогата на четврти судија.

Холандскиот „Телеграаф“ пренесува дека заљубениот пар ја објавија својата врска преку социјалните мрежи. Шона и Џеф ја дочекаа 2022 година во Рим, а Шона на „Инстаграм“ напиша дека врската е официјализирана.

Шукрула е една од најелитните холандски судијки и во 2019 година беше промовирана во втората категорија судии на ФИФА. Таа, исто така, стана првата дама што судела натпревар во холандскиот фудбал во машка конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот