Фудбал во Сирија: Празни стадиони, преполни згради! (ВИДЕО)

фото: твитер

Мерките мора да се почитуваат за заштита од вирусот, а препознатливата слика со полни стадиони се најавува од следната сезона.

Во петокот беа одиграни шест натпревари од 17 коло во сириската Премиер лига, а на дел од стадионите навивачите успеаја да пронајдат начин како да гледаат фудбал.

Трибините поради пандемијата на коронавирус се празни, но од околните згради стотици фанови навиваат за својот клуб.

Оваа сезона 2019/2020 завршуваат натпреварите воглавно пред празни трибини, иако во дел од националните првенства веќе донесуваат одлуки да биде исполнет 20% од капацитетот на стадионите.

Мерките мора да се почитуваат за заштита од вирусот, а препознатливата слика со полни стадиони се најавува од следната сезона.

Без сомнение навивачите со нивната поддршка ја комплетираат целосната слика за тоа како треба да изгледа една вистинска фудбалска атмосфера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот