Фронтменот на групата „R.E.M.“ за коронавриусот: Ова е крај на светот каков што го познаваме!

Мајкл Стајп, фронтменот на групата „R.E.M.“, сними видео во кое на обожавателите им порачува да ја сфатат сериозно ситуацијата со коронавирусот и да следат четири правила.

Стајп ги запеа стиховите на песната „It’s the end of the world as we know it“, порачувајќи дека се чувствува добро.

 Минуваме низ нешто со што досега не сме се сретнале, а тоа е коронавирусот, кој е реален и сериозен – вели Мајкл.

 Разговарав со пријатели од Италија и тие ни испратија прекрасно видео во кое ни порачуваат да ја сфатиме ситуацијата сериозно. Не излегувајте од домот освен ако морате. Јас сум во бункер, во карантин веќе неколку дена, и така ќе продолжам. Не сакам да бидам неодговорен и некој друг да се зарази поради мене, но не верувам дека сум болен – порача Стајп.

View this post on Instagram

All about the industry

A post shared by Michael stipe fanpage (@michaelstipe_) on

Мајкл советува ги советува сите да почитуваат само 4 основни правила и смета дека се ќе биде во ред, а тоа се: Миење на раце во рок од 20 секунди, да не се излегува од дома, при кивање веднаш да се мијат рацете и информации да се добиваат само од стручни лица и институции, а не од социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот