Француските научници испитуваат нова метода: Морскиот црв го содржи лекот за коронавирусот?

Фото: Профимедиа

Се започна со лилјак во Вухан, а луѓето сега, можеби ќе ги спаси морскиот црв од атланските плажи во Франција! Француските научници, наводно, многу сериозно ја истражуваат можноста дека состојките од крвта на ова животно можат да му помогнат на човекот во борбата против најтешкиот облик на вирусот корона, со цел да се избегна приклучување на респиратори. Првите испитувања директно врз луѓето ќе се вршат оваа недела.

Молекулите од крвта на морскиот црв апсорбираат 40 пати повеќе кислород од човечкиот хемоглобин, што се гледа како исклучителна прилика за да се помогне на луѓето кои имаат големи проблеми со дишењето.

Се истакнува дека не постојат проблеми за компатибилност помеѓу крвта на човекот и молекулите од крвта на ова животно долго од 10 до 15 сантиметри, кое претежно живее во песокот на плажите.

Сега овие молекули директно ќе се внесуваат во крвта на луѓето за да се изборат со кобниот резултат на Ковид-19. Идејата ја добил биологот Франк Зал, кој веќе изгубил двајца пријатели од новата болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот