Лоран Винатиер на суд во Русија/Фото: Alexander NEMENOV / AFP / Profimedia

Францускиот истражувач Лоран Винатје во Русија е обвинет за шпионажа

Францускиот истражувач Лоран Винатје, кој отслужува тригодишна затворска казна во Русија, сега е обвинет за шпионажа, покажаа судските документи објавени вчера.

Според документот до кој дојде агенцијата Франс Прес, Винатје ќе биде изведен пред суд, овој пат за шпионажа, обвинение кое носи затворска казна до 20 години.

Рочиштето е закажано за 25 август.

Лоран Винатје, кој работеше за швајцарска невладина организација која посредува во конфликти, е меѓу „западњаците“ уапсени во Русија во последните години, во услови на дипломатски тензии околу војната во Украина.

Париз побара негово ослободување, обвинувајќи ја Русија дека држи западни граѓани како заложници. Винатје беше прогласен за виновен за собирање информации за руски системи за оружје и за кршење на законот за „странски агент“ со тоа што не се декларираше како таков.

Винатје работел како консултант во Центарот за хуманитарен дијалог со седиште во Женева и е експерт за прашања што се однесуваат на Русија и другите поранешни советски републики. Тој на суд изјавил дека во контекст на својата работа „ги претставувал интересите на Русија во меѓународните односи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот