Фото: JL Bourg/FB

Француски клуб поради пари се откажа од учество во Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб Бург беше едно од најпријатните изненадувања на европската сцена во изминатата сезона, крунисувајќи ја одличната година со освојување на трофејот во Еврокупот.

Со тој успех, Бург автоматски обезбеди место во Евролигата за следната сезона, но францускиот тим сепак донесе одлука да не настапува во елитното европско натпреварување поради финансиски причини.

„Бург го достигна врвот на своето патување со освојувањето на трофејот во Еврокупот на 28 април. По овој успех, клубот внимателно ја разгледа можноста за приклучување во Евролигата. Разговорите опфатија финансиски, организациски и структурни фактори. Сфативме дека не можеме да го направиме овој чекор, бидејќи би ги загрозиле одамна поставените темели. По проценката, одлуката беше донесена во договор со Евролигата“, стои во соопштението на Бург.

Слична одлука донесе и шпанска Гран Канарија во 2023 година, кога и покрај освојувањето на Еврокупот се откажа од учество во Евролигата поради истите проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот