ФОТО+ВИДЕО | Вера Љубојна стана магистер: „Привилегија е да си пееш на магистерската одбрана“

Вера Милошевска-Јосифовска
Фото: Фејсбук/Вера Милошевска-Јосифовска

Пејачката на македонската музичка група „Љубојна“, Вера Милошевска-Јосифовска стана магистер по фолклористика на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.

Таа објави неколку фотографии од бранењето на магистерскиот труд, со тема „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика“, на кое присуствувале нејзините блиски роднини, пријатели и соработници. Нејзина менторка во изработката на трудот била професорката д-р Велика Стојкова Серафимовска.

Фото: Фејсбук/Вера Милошевска-Јосифовска
„Моменти од одбраната на мојот магистерски труд и досегашно истражување на тема ‘Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика’, а во нив прегратките на моите сакани луѓе, соработници, ученици и ценети професори.
Му благодарам на моето љубовно и неуморно семејство за ветерот во грб и поткрепата, на мајка ми Лидија Милошевска, на брат ми Горјан Милошевски, на мојата сакана фамилија што секогаш ме држи на дланка. А, верувајте – многу сме.
Фото: Фејсбук/Вера Милошевска-Јосифовска
На драгата Анастасија Илиевска за прекрасниот дизајн на презентацијата, на Јане Божиновски за преведувачката асистенција и другарството, како и на проф. д-р Мирјана Мирчевска и на Институтот за етнологија и антропологија што ми отстапија просторија за одбрана.
И, секако, ви благодарам на сите за убавите честитки. Ви испраќам прегратки и ве сакам.
П.С. Недостасува само прегратката на татко ми, кој не доживеа да ме види во вакво академско издание… Си велам, се радуваш од висините тато“, напиша таа на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Вера Милошевска-Јосифовска
Таа е позната по својот прекрасен глас, па ја искористила оваа прилика да отпее нешто пред присутните на одбраната.
„Привилегијата да си пееш на магистерска одбрана“, напиша пејачката.

Интервју со Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“: Музичката индустрија од соседството ни ја „превоспитува“ публиката, а нашите медиуми ја прокламираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот