ФОТО+ВИДЕО | Србија го избра својот претставник за Евровизија

Фото: Принтскрин - РТС ЈуТјуб - Нова.рс

По две полуфинални вечери на „Песни за Евровизија“, 16-те најдобри натпреварувачи во финалето се бореја за победа за да заминат во Ливерпул и да ја претставуваат Србија на ова престижно музичко натпреварување.

Победата ја извојува Лука Блек со песната „Само ми се спава“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evrovizija.com (@evrovizijacom)

„Луѓе, навистина не знам што да кажам, кога ќе дојдам при себе ќе бидам малку поелоквентен. Ви благодарам многу“ – изјави Лука Блек по објавувањето на победникот.

Актерот Милан Мариќ и Драгана Косјерина ја водеа публиката низ програмата на главната сцена.

Сите приходи од СМС гласањето одат за хуманитарни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот