ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларно реми со шест гола: Србија и Камерун ги поделија бодовите

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Денешната програма на Мундијалот во Катар беше отворена со вистински спектакл помеѓу Србија и Камерун, дефинитивно ова беше најдобриот натпревар досега на Светското првенство во Катар, а видовме дури шест  гола (3:3).

Србија започна офанзивно Митровиќ ја погоди стативата, потоа влезе и во уште една одлична прилика, но шутираше покрај голот. Кога Митровиќ ги пропушти шансите стигна казната на спротивната страна. Кастелето по еден корнер го отвори резултатот во 29. минута. По тој гол на Камерун гледавме мирна игра се до самата завршница на првиот дел кога Србија постигна два гола.

 

Прво одличниот Павловиќ го искористи нафрлувањето на Тадиќ и со глава ја смести топката во мрежата. Само две минути подоцна Милинковиќ-Савиќ стрела за целосен пресврт. Со 1:2 Србија замина на пауза.

После само осум минути игра во вториот дел Србија дојде и до трет гол. Митровиќ конечно успеа да се запише во листата на стрелци. Камерун и покрај двата гола не се откажа, па во 63. и 66. минута преку Абубакар и Чупо-Мотинг стигнаа до изедначување. Двата гола Камерунците ги постигнаа на сличен начин после една неуспешна офсајд замка на српската одбрана.  Треба да се спомене и дека головите на Камерун дојдоа по повредата на Павловиќ кој беше одличен и против Бразил, но и денес.

Во самата завршница Србија пропушти уште неколку одлични прилики, додека Камерун не се закани посериозно. По ова реми Србија има еден бод во групата и се уште има шанси за следна фаза, но затоа Бразил ќе мора да тепа денес против Швајцарија и во следното коло против Камерун, додека Србија ќе мора да го добие дербито со Швајцарците во третото коло.

 

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena
Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena
Фото: EPA-EFE/Neil Hall
Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот