ФОТО+ВИДЕО | Соборува рекорди: Култниот фустан на принцезата Дијана продаден за 600.000 долари

Кадифениот виолетов фустан што го носеше принцезата Дијана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа „Сотби“ на Твитер.
View this post on Instagram
„Култниот фустан на принцезата Дијана од (дизајнер) Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, што е речиси 500.000 долари повеќе од проценката – по рундата на жестоко наддавање во аукциската соба #SothebysNewYork“, објавено е на Твитер.
„Сотби“ во новиот твит нагласи дека фустанот ја „запечатил судбината како највредниот фустан некогаш продаден на аукција“.
View this post on Instagram
„Сотби“ го процени на сума помеѓу 80.000 и 120.000 долари, а фустанот беше дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели.
Тогаш креацијата на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари и остана во истите раце до петокот, објави „Сотби“, но не откри кој е новиот сопственик.