Велигденски јајца/Фото: Picryl

ФОТО+ВИДЕО | Со кромид, ориз, шлаг… Најубавите природни бои за вапсување на велигденските јајца

Вапсањето јајца е една од најинтересните велигденски традиции, но некои техники за боење јајца вклучуваат состојки што ги прават небезбедни за јадење… Бидејќи непотребниот отпад од храна е нешто што дефинитивно е препорачливо да се избегнува, затоа попрво треба да се прибегнете кон природните, сосема безбедни методи за боење јајца, кои исто така даваат одлични резултати.

Кога не сте сигурни за начинот на боење и украсување на велигденските јајца, но и за храната воопшто, најдобро е да го следите следново правило – не користете нешто што не сте сигурни дали ќе го загрози здравјето на консументите. Кога станува збор за јајца, треба да бидете особено внимателни затоа што хемикалиите лесно може да навлезат во лушпата од јајцето. За среќа, многу е лесно да се направат обоени јајца што се убави и се сосема безбедни за јадење.

Секој од овие методи на вапсање јајца може да се користи со тврдо варени, па можете да ги вратите во фрижидер и да ги јадете подоцна.

Мермерни јајца

Можеби звучи како нешто комплицирано што одзема многу време и материјал, но всушност е исклучително едноставно. Сè што ви треба се обична боја за јајца и неколку лушпи од кромид. Исечкајте ги лушпите на мали парчиња, а потоа нанесете ги на влажно варено јајце и завиткајте го јајцето во мрежест чорап и ставете го во растворена боја за јајца.

Мермерни јајца/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Природни бои за јајца

Не фрлајте ги лушпите од кромид! Оваа сезона свртете се кон природните и безбедни методи, со што воедно ќе имате помалку отпад. Сина боја ќе добиете од испасирани боровинки варени во вода или варена виолетова зелка со две лажици оцет, за потемна зелена нијанса – сварете го виолетовиот кромид со две чаши вода и две лажици оцет, портокалова боја ќе добиете од жолт кромид сварен во вода и две лажици оцет; комбинацијата од кафе и оцет ќе ви даде кафеава боја. Комбинациите се навистина многубројни.

Јајца обоени со ориз

Ако имате обичен сув ориз во шпајзот, пробајте го овој метод – ставете ориз во пластична чаша, додајте неколку капки прехранбена боја, додајте едно јајце и нежно протресете.

Шарени јајца во масло

Тајната на шарените велигденски јајца се крие во вашата кујна. Направете боја за јајца со комбинирање бел оцет и прехранбена боја. На крајот, потопете ги обоените јајца во мешавина од растително масло и вода за да создадете прекрасен, мермерен ефект.

Велигденски шарени јајца во масло/Фото: Peakpx

Јајца вапсани со прехранбена боја

Еден од наједноставните начини за боење јајца се состои од само три состојки и е многу едноставен. Измешајте боја за храна, оцет и вода за да создадете свои шарени бои за јајца. Потопете ги обичните јајца во добиената смеса (колку подолго ги оставите, толку подлабока и посилна ќе биде бојата). Ако сакате да добиете одредена шема, залепете ги јајцата со селотејп пред да ги обоите, кој подоцна ќе го отстраните.

Бојадисување со памук

Оваа техника донекаде го спречува лошиот квалитет на боите, бидејќи кај неа тие се раствораат во сосема мала количина вода. По што земате еден памук, колку да го обиколите јајцето и додавате на растојание неколку капки сина боја, неколку капки црвена, жолта… комбинирајте ги боите, како што ви се допаѓа и вртите. Го оставате јајцето убаво да впие и по извесно време го одвиткувате. Останува само да го измачкате со крпче и малку масло. Наместо памук може да користите и салфетка.

Јајца вапсани со шлаг/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Јајца вапсани со шлаг

Овој метод првично вклучува пена за бричење, но замената на пената со шлаг дава одлични резултати. Во сад за печење додадете го шлагот, на површината ставете ги капките течна прехранбена боја и измешајте за да се соединат. Потоа валкајте ги јајцата во обоениот шлаг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот