ФОТО+ВИДЕО | Синчето на Илон Маск го „украде“ вниманието на настанот на магазинот „Тајм“

Илон Маск
EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Илон Маск ја прими наградата за личност на годината, која ја додели магазинот „Тајм“.

Маск се појави на доделувањето на наградите во Њујорк заедно со својот најмал син по име X Æ A-Xii, кој наполни една година. Малечкиот предизвика воодушевување и овации во просторијата, а снимката со доаѓањето на сцената со славниот татко веќе стана вирална по социјалните мрежи. Изгледа дека малиот со чудесно име успеа да ги украде симпатиите на присутните, и да го стави во втор план својот популарен татко.

На видеата кои се споделија на Твитер, многумина од корисниците коментираа:

„Колку е сладок“

„Си седи и кулира, додека околу него се случуваат огромни работи“

„Прекрасно е да се видат татко и син заедно на сцената“.

Илон Маск беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“ со образложение дека конечно доби шанса оваа година да направи многу повеќе од било кој негов современик.

„Тој цел живот им пркоси на хејтерите, а се чини дека сега е во позиција да ги постави на вистинкото место. Оваа година, 2021 е година на Илон Маск.“- велат од „Тајм“

Милијардерот Илон Маск прогласен за личност на годината

Илон Маск почнува со продажба на вилите! Не сака да има недвижен имот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот