ФОТО+ВИДЕО | „Си-ен-ен“ ја смести меѓу 11-те најубави плажи, а се наоѓа во Хрватска
Една од најубавите плажи во светот е плажата Опрна на островот Крк во Хрватска.
Препорачано
Опрна се наоѓа во залив во непосредна близина на Стара Башка. Многумина ја нарекуваат една од најубавите, но и една од најнепристапните плажи на јужниот дел на островот.
Сепак, туристите сметаат дека навистина вреди да се стигне до плажата, за која пишуваше и „Си-ен-ен“ и ја рангираше меѓу 11-те најдобри плажи.
Оваа плажа се препорачува за нуркачи и оние кои сакаат да уживаат во мир и тишина.
„Крк има безброј одлични плажи, но Опрна е една од најдобрите и најтешките за пристап“, напишале тие.
Тие, исто така, им препорачале на читателите да го посетат островот Кошљун со блискиот манастир.
Најлесен начин да се стигне до Опрна е со брод, но до него може да се стигне и по копно.
Но, во тој случај треба да го оставите автомобилот на главниот пат и да одите по карпата по тесни патеки.
View this post on Instagram
Плажата е позната по кристално чистото сино море и пријатните камчиња. Сепак, треба да имате предвид дека Опрна нема природна сенка, па затоа треба да се заштитите од сонцето. За среќа, на плажата има чадори и лежалки.


