ФОТО+ВИДЕО | Секси и на 53 години: Кармен Електра објави провокативни фотографии, позираше во црн кожен корсет
Актерката и некогашна секс-икона Кармен Електра повторно ја разгоре фантазијата на своите обожаватели. Холивудската ѕвезда, која стана планетарно популарна со улогата во култната серија „Чувари на плажата“ (Baywatch), објави нови провокативни фотографии на Инстаграм.
Препорачано
Иако последниве години поретко е во јавноста, Електра покажа дека сè уште има харизма и изглед што плени. На најновите фотографии, таа позира во црн кожен корсет и мрежести чорапи, изглед кој веднаш привлече внимание и предизвика лавина коментари.
Фановите ја пофалија за беспрекорната фигура и самодовербата, а многумина коментираа дека „за Кармен времето како да застанало“.
Да потсетиме, Кармен Електра стана позната во 1990-тите години, кога во црвен костим за капење трчаше по плажите во „Чувари на плажата“, заедно со Дејвид Хаселхоф и Памела Андерсон. Брзо се етаблираше како една од најпосакуваните жени на светот и беше редовна на насловните страници на списанијата.
Освен актерската кариера, таа е позната и по својата поврзаност со музичарот Принс, кој го смисли нејзиното уметничко име. Последниве години Кармен се занимава со социјални мрежи, каде што често споделува фотографии и искрени моменти од приватниот живот.


