ФОТО+ВИДЕО | Принцот Луис на првиот кралски ангажман: Управуваше багер, туркаше количка со земја и црташе
Принцот Вилијам и принцезата Кетрин, заедно со нивните три деца, вчера учествуваа во волонтерската иницијатива „The Big Help Out“ со посета на група извидници во градот Слау. Оваа активност беше дел од тридневната прослава за крунисувањето на новиот британски крал Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила.
Препорачано
Интересно е дека ова беше првиот кралски ангажман на петгодишниот принц Луис, кој со својот темперамент го привлекува вниманието каде и да се појави, пишува „Дејли мејл“.

Имено, малиот принц му помагаше на татко му Вилијам при управување багер, туркаше количка со земја заедно со мајка му Кетрин, а потоа го даде и својот уметнички придонес за еден мурал.

Штом заврши со својата напорна работа, принцот Луис се почести со неколку парчиња маршмалоу и тостирани сендвичиња со чоколадо и маршмалоу, попознати како „s’more“ во Велика Британија и САД.

Од друга страна, слатката принцеза Шарлот беше забележана како воодушевено трча за да помогне во подготовката на нов пат, додека принцот Џорџ, идниот крал лично, беше забележан како учи како да користи електична бормашина.
ВИДЕО | Принцот Луис ги насмеа сите со својот танц на крунисувањето на неговиот дедо


