ФОТО+ВИДЕО | Повторно креативна: Констракта го прослави својот 44. роденден во парк

Констракта го прослави својот 44. роденден / 12 октомври 2022 / Фото: Инстаграм, Констракта

Српската пејачка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, вчера го прослави својот 44. роденден на многу креативен начин, својствен за нејзината смисла за хумор.

Пејачката, која ја претставуваше Србија на годинашното издание на Евровизија, шеговито сподели дека роденденот го слави во еден парк во Белград, каде што очекува подароци од своите обожаватели.

„Добар ден, би сакала да ви кажам дека денес го славам својот 44. роденден. Јас сум во едно паркче и чекам подароци. Ќе биде најзабавно ако никој не дојде“, им порача Констракта на своите следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

За среќа, Констракта има голем број обожаватели, од 7 до 77 години, па многумина застанале да ја поздрават и да ѝ го честитаат роденденот.

„Имаше деца, случајни минувачи, луѓе од јавниот превоз итн. кои дојдоа да ме посетат. Оваа ситуација траеше 44 минути, на мојот 44. роденден. Денес станав милионер. Од моја драга колешка добив подарок – картичка од милион духовни долари. Јас се чувствувам одлично, многу ми се допаѓа. Кога ќе добијам некој подарок кој не ми се допаѓа, јас се терам себеси да го засакам. Па не, сѐ што е од срце, може“, изјавила Констракта за „Блиц“.

Констракта
Фото: Инстаграм, Констракта

„Им се радувам на родендените, иднината е стареење. Добив многу подароци“, додала пејачката.

Имено, за оваа прилика, Констракта повторно го облече својот бел костум со кој настапи на евровизиската сцена во Торино и го освои 5. место со песната „In Corpore Sano“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот