ФОТО+ВИДЕО | Потресна снимка на трагично починатата Кика: Ја снимила својата исповед пред смртта

Кристина Кика Ѓукиќ
Кристина Кика Ѓукиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пред неколку дена веста дека српската јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ извршила самоубиство го потресе регионот.

Оттогаш не стивнуваат објавите и коментарите за трагичната смрт на 21-годишната Кика. Бројни психолози и јавни личности се огласија апелирајќи да прекине сајбер-булингот (насилство на интернет), односно навредувањето, малтретирањето и онлајн линчувањето на луѓето, особено на младата популација. Сѐ поголем број млади луѓе се жртви на интернет насилството.

Мира Владисављевиќ, директорката на „Балкан туб фест“, се огласила откако Кика изврши самоубиство.

Како што рекла Мира за спрски „Телеграф“, трагедијата се случила откако Кика со години водела мачна борба со булингот, вид насилство на социјалните мрежи.

Во едно видео кое своевремено го објавила на социјалните мрежи, Кика објаснила дека никому не може да угоди, што и да направи, и дека луѓето постојано ќе ја критикуваат и ќе ѝ упатуваат погрдни зборови.

„Правете што сакате во животот, луѓето секако ќе ве „плукаат“ што и да направите, важно е вие да сте среќни“, стои во описот на видеото во кое детално објаснува низ каков ужас поминувала со години.

 

@kikax3Reply to @ponosan_srbin_3 Zato radite šta hoćete u životu, ljudi će kenjati svakako šta god uradili, bitno je da ste VI srećni.♬ original sound – Kristina Đukić

Во меѓувреме, масовно се споделува и објавата пред четири недели на профилот на Инстаграм на Кика. Многумина велат дека оваа објава на Кика има симболика со која го наговестила трагичниот крај.

„Таа рече: „Каде одиме?“ Ѝ реков: „На Месечината““, напишала убавата Кика покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kika (@kikax3)

Кика Ѓукиќ беше позната српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј јутјуб-канал во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади следбеници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.

Во меѓувреме беше објавено дека во просторијата во која Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанции и како што пренесуваат медиумите во Србија од извори блиски до починатата девојка, токму оваа комбинација била кобна за неа.

За жал, и по смртта на несреќната девојка не престануваат онлајн навредите упатени кон неа.

ФОТО | Србите во шок: Се самоуби позната 21-годишна инфлуенсерка

Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот