ФОТО+ВИДЕО | Паричник пронајден во театар по 65 години: Она што беше во него го промени животот на едно семејство

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Во театарот „Плаза“ во Атланта, САД, при реновирање на една бања, пронајден е паричник кој останал заборавен зад еден од ѕидовите повеќе од 65 години. Сопственикот на театарот, Ескобар, веднаш решил да го пронајде човекот кој го изгубил паричникот полн со спомени, пишува „Њујоркпост“.

За време на реновирањето, работниците откриле скриен простор позади стар ѕид во бањата на театарот. Под купот прашина и ѓубре се појавил кожниот паричник. Во паричникот заборавен 65 години, имало ливче со наградна игра за нов автомобил Шевролет од 1959 година, банкарски картички, црно-бели семејни фотографии…

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Додека ја разгледувал содржината на заборавениот паричник, Ескобар открил дека некогаш ѝ припаѓал на Флој Калберт. Ескобар со помош на сопругата нашол некролог за сопругот на Флој Калберт, Рој Калберт, а потоа наишол на веб-страницата на хуманитарниот голф турнир „Кулберт куп“. Така успеале да влезат во трагата на нивната ќерка Теа Чембрлен.

„Беше многу трогателно. Се вратија многу спомени и овој паричник некако ја врати мајка ми“, рече Теа Чембрлен кога го доби паричникот на нејзината мајка.

Таа дури пронашла дел од нејзините работи во паричникот, вклучително и нејзината осигурителна картичка и лекарско уверение. Теа моментално има 71 година, а имала само 6 години кога нејзината мајка Флој го изгубила паричникот.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Ситните предмети во паричникот несомнено се на мојата мајка“, додаде Чембрлен.

Тоа што внуците на Чемберлен денес можат да ги видат предметите пронајдени во паричникот на нивната прабаба е посебно емотивен момент за семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот