ФОТО+ВИДЕО | Неверојатна трансформација на Хајди Клум: Кралицата на „Ноќта на вештерките“ се маскираше како Е.Т.
Манекенката Хајди Клум (51) воодушеви со уште една неверојатна трансформација за „Ноќта на вештерките“. На нејзината годишна забава за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година. Парот се маскираше како Е.Т., во две верзии – „обична“ и „нашминкана“.
Препорачано

Манекенката цело време објавуваше на Инстаграм како течат подготовките за „Ноќта на вештерките“. Мајк Марино ѝ помогна во изработката на костимот, а целиот процес траел повеќе од шест часа. Таа откри и дека овогодинашниот костим почнала да го планира во ноември минатата година, а биле потребни околу осум месеци за да се направи.

Инаку, повеќе од 20 години Клум макотрпно ги изработува своите костими за „Ноќта на вештерките“ и ги воодушевува своите обожаватели, со што ја доби титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“. Од 2000 година таа организира забави за Ноќта на вештерките на кои се собираат бројни познати личности.
View this post on Instagram
ФОТО | Бисери, дијаманти и деколтеа: Модата на годинашното издание на наградите Еми


