ФОТО+ВИДЕО: Насилни протести во Литванија поради Ковид потврдите, демонстрантите ја нападнаа полицијата

Големи протести во Литванија поради Ковид потврдите/ Фото: Twitter: @RadioSavana

Литванската полиција соопшти дека започнала истрага против организираниот протест пред зградата на парламентот во Вилниус, кој подоцна прерасна во масовен немир во кој имало повеќе повредени, пренесува ТАС.

Главниот комесар на полицијата на Литванија, Ренатас Пожел, соопшти дека е покрената прелиминарна истрага и дека организаторите на протестите се соочуваат со сериозни казни.

Тој не потврди дали имало некакво апсење засега, но потврди дека по протестот на кој учествувале илјадници луѓе, кој требал да се заврши во 17 часот, стотици лица останале и го блокирале излезот од зградата на парламентот, по што полицијата морала да интервенира.

Како што се вели во извештајот на полицијата, демонстраторите не им дозволиле на политичарите да излезат од парламентот, а потоа фрлале камења и шишиња кон полицијата, при што повеќе лица биле повредени.

Околу пет илјади лица вчера протестираа пред парламентот во Литванија поради здравствените потврди кои на Литванците наскоро ќе им бидат потребни за влез во рестораните, продавниците, јавните превози и други места, додека владата на балтичката земја размислува за нови мерки против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот