Тамара Калиниќ и Георгина Родригез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Најпознатата српска инфлуенсерка позираше со Георгина Родригез: Свршеницата на Роналдо го привлече вниманието на сите со еден детаљ 

Тамара Калиниќ и Георгина Родригез се најдоа рака за рака на Модната недела во Ријад, а дијамантскиот прстен на свршеницата на Роналдо привлече најголемо внимание.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ помина два дена во главниот град на Саудиска Арабија, каде што присуствуваше на Модната недала. Иако Ријад е познат по своите строги правила и конзервативни стандарди за облекување, Тамара успеа да остави впечатлив моден белег.

„Одлучив да одам со срце полно со гостопримство, љубезност и мода, секако“, напишала Тамара по престојот, осврнувајќи се на атмосферата што ја дочекала во оваа несекојдневна модна средина.

За нејзиното прво појавување на настанот, Тамара избра целосно бела облека: широки панталони и свилена блуза во истата боја, надополнети со шал од ист материјал. Минималистичкиот пристап даде максимален ефект – софистициран, но сепак ненаметлив изглед, карактеристичен за нејзиниот моден печат.

Вториот ден, Тамара се одлучила за долг бел фустан со лелеав, широк горен дел. Материјалот, нежен и сјаен, елегантно ја следел линијата на телото, додека дискретните набори внеле допир на уметничката едноставност. Целиот стајлинг делувал како лесен танц на ткаенини – смирен, рафиниран и естетски беспрекорен.

Модните познавачи не пропуштиле да истакнат дека еден од клучните „додатоци“ всушност била фризурата на Тамара – природни бранови, здрава и сјајна коса што го заокружувала комплетниот изглед. Шминката била совршено избалансирана – доволно дискретна за да не го одвлекува вниманието од нејзината облека, но сепак доволно ефикасна за да ги истакне нејзините црти на лицето. Накратко: вистинска мерка за стил.

Еден од моментите што предизвикале најголемо внимание на Инстаграм била средбата помеѓу Тамара и Георгина Родригез, свршеницата на славниот фудбалер Кристијано Роналдо. Фотографијата од две стилски совршено усогласени жени брзо собра голем број реакции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Георгина зрачела со елеганција – во палто со англиски вез и залижана коса во пунџа, со дискретен шал што ги почитувал локалните норми. Сепак, она што особено привлече внимание беше нејзината вешто поставена лева рака, на која блескаше свршеничкиот дијамантски прстен – толку впечатлив што, како што многумина коментираа, можеби има „сопствен поштенски код“.

И покрај гламурот, Тамара не останала во сенка – нејзината насмевка и харизма направиле да блесне исто толку силно.

ФОТО | Лорен Санчез и Георгина Родригез го украдоа шоуто со прстените: Дијаманти во вредност од приближно 10 милиони долари

Георгина Родригез – Како продавачката со месечна плата од едвај 300 евра стана милионерка со веренички прстен кој чини цело богатство!

ФОТО+ВИДЕО | Сите погледи кон Тамара Калиниќ: Најпознатата српска инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во Кан

ФОТО | Ѕирнете во луксузниот стан на најпознатата српска инфлуенсерка во светот Тамара Калиниќ! Ќе ви го одземе здивот!

ФОТО+ВИДЕО | Изгледа како милион долари: Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ ја покори Венеција во проѕирен фустан! 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот