ФОТО+ВИДЕО | Најдолгата трамвајска линија што води по возбудливиот европски брег

Фото: Профимедиа

Прекрасниот поглед на Северното Море, живописните крајбрежни села, како и интересните нешта кои се среќаваат на патот се некои од добрите причини зошто треба да патувате со трамвај, доколку се најдете во Белгија, пишува „Пункуфер“.

Ако некогаш сте се запрашале каде е најдолгата трамвајска линија во светот, Гинисовата книга на рекорди го има одговорот. Белгиската трамвајска линија „Кустрам“, која превезува патници долж фламанскиот брег на северозападот на земјата, е долга дури 68 километри.

Фото: Wikimedia commons

Трамвајот тргнува од градот Кнок и сообраќа до Адинкерке е омилен меѓу туристите кои сакаат подобро да ја запознаат оваа област.

Кон крајот на 19 век, Белгија почна брзо да гради железници, а во 1885 година беа отворени првите делници од најамбициозната рута, која и денес привлекува внимание и гордо ја носи титулата најдолга трамвајска линија во светот.

Фото: Viennaslide / Harald A. Jahn / akg-images / Profimedia

Прекрасниот поглед на Северното Море, живописните крајбрежни села, како и интересните нешта кои се среќаваат на патот се некои од добрите причини зошто треба да патувате со трамвај, доколку се најдете во тој агол на Европа. За тоа што го нуди оваа линија, билетите не се воопшто скапи.

Така, еднодневен билет чини 7,50 евра и овозможува неограничен број на влез и излез од трамвајот, а тридневен билет чини 15 евра. Децата и младите имаат попуст. Во текот на денот, трамвајот тргнува на секои 15 минути, а во сезоната на секои 10 минути.

Фото: Wikimedia commons

За два часа и дваесет минути потребни за патување од првата до последната станица, трамвајот застанува на повеќе од 65 места и поминува низ бројни градови. Некои од најпопуларните постојки вклучуваат и локации каде што ќе најдете луксузни бутици, галерии и елегантни ресторани.

Патувајќи со трамвајот може да го посетите популарното место за одмор – Бланкенберге, потоа Миделкерке, каде што можете да уживате во погледот на морето со часови. Вреди да се истражи и шармантниот Њупорт и конечно Де Пане, крајната дестинација на најдолгата трамвајкса линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот