ФОТО+ВИДЕО | „Маршираме храбро“ – Иднина во која трансродовите лица ќе живеат отворено, безбедно и достоинствено

Марш на трансродови лица / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Трансродовите лица во Македонија одбиваат да бидат замолкнати и продолжуваат со својата битка да бидат интегрални членови на општеството. Доказ за тоа е и петтиот последователен марш за видливоста на транс луѓето што денеска се одржа во Скопје.

Марш за видливост на трансродовите лица 2024/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Под мотото „Маршираме храбро“, граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи денеска пред владата побараа иднина каде трансродовите лица можат да живеат отворено, безбедно и достоинствено.

Марш за видливост на трансродовите лица 2024/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

– Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите лица, особено во незадоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе, порачаа од ТрансформА.

Марш за видливост на трансродовите лица 2024/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

И покрај веќе постигнатиот напредок, тие велат дека не може да се игнорира ширењето страв што го предизвикуваат конзервативните анти-родови движења.

Марш за видливост на трансродовите лица 2024/ Фото: „Слободен печат“, Агнеса Чаволи

– Овие движења се обидуваат да ги поткопаат правата и достоинството на трансродовите лица преку правење лажна паника, предизвикување дискриминација и сеење омраза. Мора да ја отфрлиме оваа штетна реторика и да ги поддржиме вистинските семејни вредности – емпатија, разбирање и безусловна љубов.

Марш за видливост на трансродовите лица 2024/ Фото: „Слободен печат“, Агнеса Чаволи

Маршот се организира во пресрет на 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица.

„TрансФормА“ се приклучува по шести пат и петти марш кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот