ФОТO+ВИДЕО | Кралот Чарлс ја откри првата статуа на кралицата Елизабета по нејзината смрт

Фото: EPA

Кралот Чарлс Трети ја откри статуата на кралицата Елизабета Втора во Јорк, прва поставена по нејзината смрт, објави Би-би-си.

Скулптурата, која е висока два метри, била дизајнирана со цел да го прослави платинестиот јубилеј на покојната кралица и била завршена во август годинава, еден месец пред нејзината смрт.

Говорејќи пред толпата во Јорк, кралот Чарлс рече дека сега нејзиниот лик ќе го „бдее“ градот.

„Покојната кралица секогаш се грижеше за благосостојбата на својот народ во текот на нејзиниот живот. Сега нејзиниот лик ќе внимава на она што ќе биде Плоштад Кралица Елизабета Втора во вековите кои следат“, изјави кралот Чарлс за време на церемонијата.

Статуата тежи речиси два тона и е направена од француски варовник. На неа е прикажана кралицата, облечена во својата витешка наметка и државната дијамантска дијадема.

Имено, самата кралица Елизабета го избрала дизајнот на статуата, која требало да биде откриена во септември годинава, но церемонијата била одложена поради смртта на кралицата.

Фото: EPA
Фото: EPA
Фото: EPA
Фото: EPA
Фото: EPA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот