Последна фаза од изградбата на мостот „Љубљанска“ / Фото: Град Скопје

ФОТО+ВИДЕО | Конечно започнa последната фаза од изградбата на мостот на „Љубљанска“

Ѓорѓиевски соопшти дека проектот претходно бил стопиран поради потребата од дозвола од НУ Конзерваторски центар, која е надлежна за заштита и управување со локалитетот Скупи, од каде Градот добил „зелено светло“ за реализирање на овој последен дел од проектот.

По неколку години застој, вчера официјално започна последната фаза од изградбата, со која мостот  на „Љубљанска“, проектиран за да ги поврзе булеварот „Илинден“ со улицата „Скупи“ во населбата Злокуќани, треба да се стави во функција.

Последна фаза од изградбата на мостот „Љубљанска“ / Фото: Град Скопје

Ова вчера го соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и додаде дека дека мостот конечно ќе биде ставен во функција  и ќе биде новата сообраќајна врска преку реката Вардар.

„Со особено задоволство можам да информирам дека по години застој, продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани“, изјави Ѓорѓиевски.

Мостовите што не водат никаде сѐ уште залудно „висат“ преку Вардар

Со комплетирањето на недовршениот дел после мостот, каде ќе се пробие простор и ќе има булевар, па сè до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна сообраќајница меѓу северниот и западниот дел на Скопје, со што би се подобрил пристапот до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително би се ослободил сообраќајот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, а ќе има побрз и побезбеден излез кон обиколницата.

„Со неговото завршување, граѓаните ќе добијат побрз и побезбеден пристап до Злокуќани, Бардовци и индустриската зона, а воедно ќе се растоварат булеварите Партизански одреди и Илинденска“, изјави градоначалникот.

Последна фаза од изградбата на мостот „Љубљанска“ / Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски соопшти дека проектот претходно бил стопиран поради потребата од дозвола од НУ Конзерваторски центар, која е надлежна за заштита и управување со локалитетот Скупи, од каде Градот добил „зелено светло“ за реализирање на овој последен дел од проектот.

Паралелно со изградбата на булеварот, градоначалникот најави и изградба на кружен тек или поставување семафори на влезот во селото, со што, според него, ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска”

Овој проект вреден шест милиони евра беше започнат уште во август 2021 година, за време на мандатот на градоначалникот Петре Шилегов. Тогаш, овој проект беше претставен како „првиот автомобилски висечки мост во Скопје“, но неговата изградба запре поради ненаправената експропријација и немањето дозвола од Конзерваторскиот центар за да се пробие пат покрај археолошкиот локалитет Скупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот