Новата мисица на Србија - Александра Рутовиќ / Фото: Инстаграм/Мис свет

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша ѝ ја предаде лентата: Убавата Александра Рутовиќ е новата мис Србија

Плоштадот на Републиката, кој е централниот градски плоштад во Белград, синоќа се претвори во центар на модата и гламурот, убавата Александра Рутовиќ победи на изборот за Мис на Србија.

Новата мисица има 25 години и завршила гимназија во Америка. Потоа магистрирала меѓународен туризам и хотелски менаџмент во Виена. Во моментов, Рутовиќ работи како агент за недвижности.

„Се надевав, не можам да кажам дека очекував. Имаше силна конкуренција, секоја девојка се издвојуваше во некоја дисциплина. Сè уште сум во шок, многу сум среќна и возбудена. Едвај чекам да видам што ме чека“, изјави таа за „Телеграф“.

Фото: Инстаграм/Мис свет

Мисицата додала дека сака да им биде пример на девојчињата и дека со својата работа сака да им покаже како соништата можат да се остварат.

„Мојата најголема поддршка се татко ми и неговата сопруга, сестра, браќа… Имам големо семејство, сите беа покрај мене“, заклучи новата мисица на Србија.

Фото: Инстаграм/Мис свет

Српската пејачка Јелена Карлеуша, како претседателка на жири-комисијата,  ја прогласи новата мисица и ѝ ја предаде лентата. Таа го нарече овој моден настан – „белградска Мет гала“.

„Морам да кажам дека сум воодушевена од девојките. Таков професионализам, убавина, грациозност, енергија што извира од секоја од нив.

Девојки, мислам дека сите сте победници вечерва. Вечерва нема губитници затоа што ниту една убава жена, ако ништо друго, не може да биде губитник во животот затоа што е убава“, изјави Карлеуша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот