ФОТО+ВИДЕО | Испиша историја: Џаред Лето стана првиот човек што се искачил на Емпаер стејт билдинг

Фото: Roy Rochlin / Getty images / Profimedia

Оскаровецот Џаред Лето стана првиот човек што се искачил на облакодерот Емпаер стејт билдинг во Њујорк, САД.

За да го прослави почетокот на турнејата на неговата музичка група „Трти секондс ту Марс“, актерот реши да влезе во историјата и да се искачи на Емпаер стејт билдинг.

„Успеав, жив сум, стигнав до врвот. Баш зборував за тоа дека ја видов мајка ми на прозорецот на 80. кат и тоа беше убаво изненадување“, изјави 51-годишниот музичар и актер за емисијата „Тудеј“ по искачувањето.

Фото: Roy Rochlin / Getty images / Profimedia

„Неверојатно е да се гледа изгрејсонцето над град кој многу ми значеше уште од детството. Њујорк е место каде доаѓате за да ги остварите вашите соништа. Како дете сакав да бидам уметник, а Њујорк беше место каде што се станува уметник. Емпајер стејт билдинг отсекогаш ми бил таков симбол. Како што можете да видите, беше голем предизвик“, додаде тој.

Фото: Roy Rochlin / Getty images / Profimedia

Лето призна дека историското искачување било малку потешко отколку што очекувал.

„Искрено, бев повеќе возбуден отколку нервозен. Беше многу, многу тешко. Беше многу потешко отколку што мислев дека ќе биде“, изјави Лето.

Светската турнеја на неговата музичка група треба да започне во Јужна Америка на 15 март, по што ќе продолжи во Европа и во Северна Америка, а треба да заврши на 19 септември во Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот