ФОТО+ВИДЕО | Им рекле дека нема да преживеат: Најрано предвремено родени близнаци на светот влегоа во Гинис

Фото: GUINNESS

Брат и сестра, близнаци од Канада, родени се во 22-та недела од бременост и со тоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди, како најрано предвремено родени близнаци во светот.

Фото: GUINNESS

Како што пренесе Би-би-си, Адија и Адриал Надарџах се родени во 126-тиот ден од бременоста. Да се роделе само еден час пред почетокот 22-та недела на бременост, лекарите не би ни пробале да ги реанимираат.

Целата бременост вообичаено трае околу 40 недели, што значи дека канадските близнаци се родиле 18 недели порано.

Фото: GUINNESS2

Шакина Раџендам, мајка на близнаците, изјавила дека почнала да се породува во 21 недела и петти ден од бременоста, а лекарите ѝ рекле дека шансите бебињата да преживеат се нула.

Таткото Кевин Надарџах изјавил дека во болницата во Онтарио им рекле дека нема да можат да им помогнат во толку рана фаза од бременоста. Имено, повеќето болници не се трудат да спасат бебиња што се родени пред 24-26 недели од бременост, но за среќа двојката била префрлена во болницата „Маунт Синај“ во Торонто, која има специјалистичко одделение за неонатална интензивна нега.


И покрај обилното крвавење, мајката издржала уште неколку часови за да влезе во 22-та недела од бременоста за да можат да реагираат лекарите. Близнаците сега имаат една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот