ФОТО+ВИДЕО | Гламурозен како и секогаш: Дизајнерот Златко Јовановски го прослави 30. роденден со необичен подарок
К.С.
Пред
Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, го одбележа својот јубилеен 30-ти роденден со интимна, но луксузна вечера во познат скопски ресторан, во друштво на најблиските пријатели и семејството.
Како и секогаш, неговиот моден израз не помина незабележано. Јовановски се појави во црни панталони и бела кошула, преку која носеше црн корсет. Комбинацијата ја заокружи со машна-пеперутка и впечатливо бело палто украсено со кристали кои нежно висеа.
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Посебно внимание привлече и неговата фризура инспирирана од времето на чарлстонот, за која откри дел од подготовките преку видеа објавени на својот инстаграм-профил.
Најоригиналниот момент од роденденот сепак дојде од неговата сестра, која живее во Италија и му подари табла јајца – секое со посебна порака. Со овој неочекуван, но симболичен подарок, таа внесe хумор во прославата.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Појавата на опасната риба „зајачка глава“ на грчкото приморје, и покрај тоа што засега има само еден потврден случај на контакт со луѓе, создава доза на страв кај туристите што одлучиле ова лето одморот да го поминат кај јужниот сосед. Но колку е оваа риба навистина опасна и дали има простор за паника? Се упативме …