Концерт - Весна Писаровиќ - Фото: Елеонора А..

ФОТО+ВИДЕО | Емотивна ноќ во Филхармонија – Скопје и Весна Писаровиќ во еден глас ги отпеаја песните со кои пораснаа многу генерации

Во малата сала на Македонската филхармонија синоќа се одржа долгоочекуваниот концерт на хрватската поп-ѕвезда Весна Писаровиќ, која по долги години пауза од поп-музиката, за првпат запеа пред македонската публика.

Вечерта беше изполнета со носталгија и чиста емоција, во која Весна ги отпеа најголемите хитови од крајот на 90-ите и 2000-тите, песните со кои пораснаа многу генерации.

Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.

Повеќе од два часа, присутните во салата ги пееја како едно големите хитови меѓу кои се добро познатите „Да знаш“, „Јутро доноси дан“, „Сасвим сигурна“, „Доље на кољена“, „Нитко није крив“ и култната дуетска песна со Владо Јаневски, „Љубав је религија“.

Воодушевена од пречекот на публиката Весна откри дека потрошила многу часови подготвувајќи говор на македонски јазик, но преплавена од емоции на крај тремата го направила своето, не успеа на македонски да го каже она што го учела. Но и покрај тоа по секој громогласен аплауз, таа искрено и со насмевка велеше „Благодарам“, со што ја потврди нејзината скромност и почит кон фановите.

Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.

Дека ова не е само уште едно обично гостување, покажа и моментот кога на сцената ѝ се придружи нејзиниот долгогодишен пријател, нашиот Владо Јаневски. Нивната култна „Љубав је моја религија“ одекна во еден глас со целата сала, создавајќи моменти кои ретко се доживуваат на концерти. Публиката буквално не ги штедеше дланките, а аплаузите одекнуваа долго по секоја отпеана строфа.

Беше тоа ноќ која заслужи безброј аплаузи, автентично музичко патување кое потсети зошто вистинските хитови и искрената емоција немаат рок на траење. Скопје и Весна синоќа си ветија дека следната средба нема да се чека толку долго.

Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.
Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.
Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.
Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.
Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.
Концерт на Весна Писаровиќ /  Фото: Елеонора А.

 

Интервју со хрватската поп ѕвезда Весна Писаровиќ: Мајка ми мислеше дека ми треба психолог, а јас потајно влегував во светот на џезот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот