Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Д-р Дре доби ѕвезда на Булеварот на славните: Еминем, Снуп Дог и Фифти Сент дојдоа да го поддржат

Американскиот рапер Д-р Дре (59) вчера (19 март) доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Хип-хоп ѕвездата ја доби 2775-та ѕвезда, а многу пријатели и долгогодишни соработници како Еминем, Снуп Дог и Фифти Сент дојдоа да го поддржат.

„Растејќи во Комптон, никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам претставен овде – меѓу моите херои од детството. Имав доволно среќа да заработам за живот правејќи го токму она што го сакам. Што е со тоа? Зарем тоа не е сон?“, рече Д-р Дре во својот говор.

Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Раперот вели дека во текот на кариерата пронашол нови таленти, но и дека ги поместил границите во хип-хопот. Сепак, тој е најгорд на тоа како успеал да разјасни како го доживува тој жанр на музика.

Неговите колеги позираа со него на црвениот тепих на Булеварот на славните.

Фото: John Salangsang / Shutterstock Editorial / Profimedia

Д-р Дре имаше значаен придонес во развојот на рап музиката. Тој беше еден од основачите на групата „N.W.A“, која ја популаризираше употребата на вулгарни стихови во рапот што го опишува насилството на уличниот живот. Исто така, Д-р Дре исто така продуцираше албуми за најголемите ѕвезди во рап музиката, вклучувајќи ги Снуп Дог, Еминем, Фифти Сент, Баста Рајмс итн.

Д-р Дре првпат се најде на врвот на топ-листата „Билборд Хот 100“ како продуцент на песната „California Love“ на Тупак во 1995 година.

„Билборд“ го прогласи Д-р Дре за најголем продуцент на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот