ФОТО+ВИДЕО | БИТОЛЧАНИ НАПРАВИЈА ПРЕКРАСЕН ГЕСТ: Со плишани мечиња го засенија навредливиот транспарент на Комити

Битолчани го преплавија теренот со плишани играчки за деца од ранливите групи на натпреварот Еурофарм Пелистер-Вардар 1961/ Фото Фејсбук Eurofarm Pelister

Еден убав гест го одблежа вчерашното ракометно дерби меѓу екипите на Еурофарм Пелистер-Вардар 1961. Имено, од Еурофарм Пелистер побараа од навивачите на полувреме да фрлат плишани играчки наменети за децата од ранливи категории. Целта беше да ги потенцираат вистинските вредности што се пренесуваат преку спортот. Теренот беше прекриен со плишани мечиња, кои пред празниците ќе завршат во вистински раце.

Овој гест Еурофарм Пелистер го најави и пред натпреварот, следејќи ги чекорите на шпанскиот фудбалски клуб Реал Бетис.

Во најголемото македонско дерби немаше победник, бевме сведоци на голема борба на теренот за секоја топка, првото полувреме заврши во корист кое го добија скопските „црвено-црни“ со 13:17, а во вториот дел подобри беа домаќините во кој беа подобри со 14:10, на крајот двете екипи ги поделија бодовите, реми на кое повеќе се радуваше Вардар.

Навредливите транспаренти не беа во центар на внимание

„Приберете си ги сестрите, ви ги помина цело Скопје!“, ова е дел од транспарентот што навивачката група „Комити“ го истакна во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за време на вчерашниот ракометен натпревар Еурофарм Пелистер-Вардар 1961. Тој покрена лавина реакции од активистки за женски права, кои бараат да се прекине со испраќањето омаловажувачки пораки за жените при препукувањата на навивачките групи.

Навредливи транспаренти на дербито Еурофарм Пелистер-Вардар 1961/ Фото Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот