ашковски
Куп титула во Романија за македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски/Фото: facebook.com/osksepsi

ФОТО+ВИДЕО: Ашковски со Сепси го освои Купот на Романија

Во финалето на романскиот Куп одиграно во Букурешт составот на Сепси триумфираше над Волунтари со резултат 2:1.

Ова е прв пехар во историјата на Сепси кој е основан пред само 11 години (во 2011), а благодарение на куп титула, овој клуб ќе ја претставува Романија во квалификациите на Лигата на конференции.

Целиот натпревар за Сепси го одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски кој на крајот успеа да се закити со трофеј.

Двоен стрелец за домаќините беше реалзиираше М. Стефанеску во 22 и 38 минута, а во самиот финиш од средбата (90+5`) Димитреску си постигна автогол.

На патот до финалето Сепси ги елиминираше екипите на Фарул Констанца (0:1), У Крајова 1948 (0:1), Чиндиа Тарговиште (1:2) и Унив. Крајова (2:1, 1:0).

Ашковски во оваа натпреварувачка сезона во Купот запиша пет настапи, а во шампионот имаше 36 настапи и два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот