Фотографијата од отказ на вработена стана вирален хит: Напишала само три збора

отказ
Фото: Принтскрин/Твитер

На социјалните мрежи се појави фотографија од отказ во писмена форма на една вработена. Фотографијата за многу кратко време стана вирална.

Таа собра илјадници лајкови на „Твитер“, а она што најмногу ги насмеа луѓето е фактот што вработената дала отказ така што му напишала само три збора на својот работодавец.

„Чао, чао, господине“, напишaла во отказното писмо.

Многу корисници на „Твитер“ во коментарите напишаа дека им е жал што не го направиле истото во минатото.

„Ова е инспиративно“, „Посакувам да го видев ова пред да го напишам моето писмо за оставка“, „Ова всушност важи за сите видови прекини“, се некои од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот