Фотограф ги претвара трудниците во принцези од Дизни! (ФОТО)

инстаграм

Бразилскиот фотограф Ванеса Фирм доби идеја идните мајки да ги претвори во принцези. Таа им предложи да се облекуваат во ликови од бајките на Дизни, а резултатот е вреден спомен што бремените жени ќе го имаат засекогаш.

„Дојдов до идеја кога запознав клиентка која чекаше девојче и реши да ја именува Бела. Ме потсети на ликот од анимираниот филм„Убавицата и Ѕверот”, па затоа ѝ предложив да се облече во легендарниот жолт фустан. Сакав повеќе слични фотографии“ изјавила таа, пренесува Motherly.

Оттогаш, многу идни мајки застанаа пред објективот на нејзиниот фотоапарат и станаа Ариел, Снежана, Јасмин, Пепелашка и други. Некои од фотографиите ги направиле татковци, кои се облекувале во машки ликови, а имало и ситуации кога приказните добиле продолжение, а Фирм потоа ги фотографирала нивните новородени бебиња.

„Тука не станува збор само за волшебни фотографии, туку и желба жените никогаш да не ја заборават својата бременост и да залутаат за момент далеку од вистинските грижи што ги имаат кога се бремени“, забележала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот