Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | „Зошто мора устата да ти е „отамбурена“: Антониа Гиговска за „хејт“ коментарите и наводната разделба со Иван

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Своите почетоци, младата Антониа ги врзува со шоуто „Пинкови ѕвездички“ кога буквално ги освои срцата на целиот Балкан. Денес, е една од најеминентните артисти смело вивнувајќи се кон секој врв што ќе го замисли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Гиговска во интервјуто за „Бекстејџ“ зборуваше и за приватниот живот, а се осврна и на шпекулациите за нејзината наводна разделба со нејзиниот партнер Иван.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Jovanov (@jovanov_ivan)

Пејачката ги негираше шпекулациите дека се разделиле со пејачот, наведувајќи дека премногу детали од приватниот живот споделувала со јавноста, вклучително и сите досегашни партнери. Како што изјави младата пејачка за „Бекстејџ“ ова година решила приватниот живот помалку да го изнесува пред будното око на медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат повеќе 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


По секоја објавена фотографија на Антониа следи лавина од комплименти и поддршка за младата пејачка, но има и исклучоци, а на таа тема проговори и пејачката. Гиговска истакна дека мислењата за неа како артист и како личност се поделени, што е нормално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


На една од последните фотографии на Гиговска осамна еден коментар кој го привлече нашето внимание.

Зошто мора устата да ти е „отамбурена“… секогаш. Многу ли се бендиса во таа поза? – е коментарот на една корисничка на социјалната мрежа „Инстаграм“ и следбеничка на пејачката, чиј профил е затворен.

Сепак, позитивните коментари за изгледот на младата пејачката секогаш се во поголем број.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот