ФОТО | Жизел Бундшен ја покажа сестрата близначка, која речиси никој не ја видел досега

жизел бундшен
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Многумина не знаеја дека бразилската манекенка Жизел Бундшен (42) има сестра близначка бидејќи само неколкупати објавувала фотографии со својата близначка Патриција.

Жизел и Патриција/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Жизел неодамна се појави на настан во Мајами со својата сестра близначка која речиси никогаш не се појавува во јавноста. Важна беше и самата цел на настанот, а повеќе од забележано беше доаѓањето на познатата манекенка во специјалното друштво. Еве како изгледа нејзината најблиска роднина.

Настанот бил од хуманитарен карактер, со собирање пари за обновување на шумите во Бразил, родната земја на Жизел, која изјави дека првпат организира ваков вид на настан и дека немала да успее без нејзината сестра близначка Патриција, која ја нарекува Пети.

Жизел и Патриција/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

 

„Ние сме многу блиски, како што знаете, ние сме близначки. Секогаш си го чуваме грбот една на друга. Си веруваме една на друга и секогаш го сакаме најдоброто една за друга и тоа е бесценето. Семејството е она што ни ја дава основата, тие се нашите најголеми учители и ни помогаат да станеме тоа што сме“, изјавила Жизел за „Пипл“.

Патриција работи како менаџерка на нејзината сестра, управувајќи со нејзиниот бизнис во Бразил каде што живее со сопругот и двете деца. Таа и Жизел имаат уште четири сестри Грасиела, Габриела, Ракел и Рафаела.

„Беше болно и тешко“: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатно секси: Славната Бразилка ги залуде фановите со заносен танц

ФОТО | Никогаш поубава: Прво појавување на Жизел Бундшен по разводот со Том Брејди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот