ФОТО | Жизел Бундшен со срцепарателна објава се прости од својата мајка: Ќе те видам во соништата…
Ј.С.
Пред
Мајката на познатата манекенка Жизел Бундшен (43), Ванија Ноненмахер, почина на 75-годишна возраст. Според бразилските медиуми, Ванија завршила во болницата Моињос де Венто во Порто Алегре.
Таа почина во неделата во болница по тешката битка со ракот. Жизел сега се прости од својата мајка со емотивна објава на социјалните мрежи.
Фото: Instagram / gisele
„Возљубена мамо, ме боли што знам дека веќе нема да можам да те гушнам, но знам дека секогаш ќе пазиш на нас. Беше ангел на Земјата, секогаш им помагаше на сите околу тебе. Многу сум благодарна што сум твоја ќерка и што учев од тебе. Ти благодарам што си најдобар пример за љубов, сила, сочувство, храброст и благодат“, напишала манекенката со нивните заеднички фотографии.
Фото: Instagram / gisele
„Засекогаш ќе ги негувам убавите спомени што ги споделивме и ќе живеам според вредностите што ме научи. Ќе живееш вечно низ многуте животи што си ги допрела. Ти благодарам што ми подари пет најдобри пријатели за живот. Твојата љубов секогаш ќе нè води. Ќе те видам во соништата. Те сакам“, додаде таа.
Фото: Instagram / gisele
Инаку, покрај манекенката, Ванија имаше уште пет ќерки – Патриша, Рафаела, Грациела, Габриеле и Ракел.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
ДУИ целосно ги блокира законите за кои е потребно Бадентерово мнозинство така што во Собранието освен законот за правична застапеност, остануваат заглавени и пакет-законите за високо образование. Извесно е дека Собранието овие закони нема да ги донесе до летниот одмор во август, а можно е да останат заглавени и до крајот на мандатот на актуелниот …
Лимфаденопатијата, односно зголемувањето на лимфните јазли, најчесто е последица на инфекција и во најголем број случаи не претставува сериозна состојба. Сепак, понекогаш може да биде првиот знак на хематолошко или друго малигно заболување, предупредува д-р Татјана Смилевска, специјалист по хематологија од „Аџибадем Систина“, во емисијата „Медицинско катче“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано …