Жизел Бундшен и Том Брејди се почастија со луксузен имот во „бункерот на милијардери“
Бразилската манекенка Жизел Бундшен (40) и нејзиниот сопруг Том Брејди (43) ќе станат новите комшии на Иванка Трамп и нејзиниот сопруг на „Indian Creek“ островот во Мајами кој е познат и како „бункерот на милијардерите“, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Парот кој во моментот изнајмува огромна вила во Тампа, купил парцела на овој остров за 17 милиони долари.

На овој остров живеат многу богаташи, вклучувајќи ги и Хулио Иглесијас, Андријана Лима, милијардерот Карл Ичан и ќерката на Доналд Трамп, Иванка која неодамна купи земја на овој остров и за неа плати 30 милиони долари.
Брејди и Бундшен сакаат да изградат еколошка вила на островот. И двајцата се страствени љубители на дизајнот, па така нивните пријатели и обожаватели веруваат дека вилата ќе биде нешто посебно.

„Тие сакаат да градат од темел, погледнете го нивниот дом во Бруклин, ова ќе биде слично на тоа“, изјави извор близок до парот.
Агентот за луксузни градби во Мајами изјави дека побарувачката никогаш не била поголема:
„Сите сакаат да бидат на Мајами. Доаѓаат од Њујорк и Калифорнија. Пазарот во моментот е луд“, изјави агентот за луксузни недвижности Нелсон Гонзалес.

Том и Жизел наводно го продаваат својот имот во Трибека за 40 милиони долари, а изворот додал дека тие бараат и нов имот во Лос Анџелес повторно.
Преземено од Еспресо.мк


