ФОТО | Жизел Бундшен објави ретка фотографија со нејзините 5 сестри: Толку многу убавина на едно место

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Бразилската манекенка Жизел Бундшен (43) ретко го покажува своето големо семејство во јавноста, но овојпат направи исклучок и сподели неколку приватни фотографии додека престојува во родниот Бразил, пишува „Пејџ сикс“.

Познатата манекенка на својот Инстаграм-профил, кој го следат над 22 милиони следбеници, објави серија семејни фотографии и покажа како го поминува времето со најблиските.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Секогаш во моето срце и молитви“, напиша таа во својата објава.

На една од фотографиите Жизел позира со родителите Ваниа и Валдир и нејзините пет сестри Ракел, Грациела, Габриела, Рафаела и Патриција, нејзината близначка.

Други фотографии откриваат дека на собирот биле присутни и двете деца на Жизел – синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10).

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Судејќи по коментарите, нејзините обожавателите се воодушевени од добрата генетика која ја поседува целото семејство на Жизел.

„Леле, можно ли е ова, толку убавина на едно место!“, „Неверојатни сте!“; „Благослов е да растеш во такво семејство“, се дел од коментарите.

Иако, Жизел ретко го спомнува своето семејство, во своите мемоари „Лекции: Мојот пат до значаен живот“ ( „Lessons: My Path to a Meaningful Life“), откри дека го имала најдоброто детство.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Кога растев во Хоризонтина, бевме шест девојчиња на масата, шест гласови се креваа за да разговараат, да се смеат или да не се согласуваат одеднаш. Еден ден татко ми направи правило: ако некоја од нас има нешто да каже, треба да ја крене раката“, открила таа во книгата.

Инаку, овој мај Жизел се појави во јавноста со својата сестра близначка на црвениот тепих во Мајами. Таа потоа изјави дека со Патриција се многу блиски.

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатно секси: Славната Бразилка ги залуде фановите со заносен танц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот